ЖивотУбави совети

Како да го подобрите расположението за време на пандемија?

Да бидеме реални: да останеме позитивни може да биде тешко дури и во најдобри времиња – а сега кога сме во екот на пандемија, одржувањето на жив (или искрено, дури и мирен) став може да изгледа скоро невозможно. Дури и да сте во суштина позитивна личност, е многу тешко да ги откриете оние сребрени нишки на позитивност поради секојдневниот извештај за зголемувањето на бројот на смртни случаи, колапсот на економијата и бројот на новозаразени.

  1. Размислете што точно ве прави среќни, од каде ја црпите силата. Пред целава ситуација со Корона вирусот кои беа работите кои ги правевте за да бидете исполнети? Прилагодете се на ситуацијата и голем дел од работите кои сте ги практикувале порано правете ги и во оваа вондредна состојба, на пример вежбајте во домот.
  2. Потсетете се на се она за кое треба да бидете благодарни. Лоши и загрижувачки вести насекаде, на интернет, на телевизија и на работа. Направете баланс, дозирајте си позитивни мисли, размислувајте за оние работи за кои треба да бидете благодарни.
  3. Дозволете си задоволство веднаш штом станете. Прекршете ја секојдневната рутина. Направете нешто поразлично од она што го правите секое утро како по механизам..
  4. Претворете ја енергијата во креативност. Започнете креативна работилница во домот. Декорирајте.
  5. Поминувајте време во кујната. Подготвувајте здрави оброци, десерти и пијалоци кои ќе ви измамат насмевка.
  6. Започнете онлајн курс за странски јазик, за шминка или за програмерство. За било што, нешто што одамна ве привлекува а сте немале слободно време досега.
  7. Набавете си неколку нови книги и влезете во моќниот читачки свет.

Поврзани статии

Back to top button