Како да го исушите лакот за нокти за само 1 минута?
Колку пати ви се случило да брзате и да го оштетите совршено налакираниот лак на ноктите?
Овој проблем ќе заврши благодарение на само една состојка од вашата кујна, која ќе го исуши за една минута, а потоа ќе ја нахрани и кожата на вашите раце.
Станува збор за маслиново масло!
Ставете маслиново маслото во чашка за ракија, а потоа потопувајте прст по прст во чашката. Кога лакот за нокти ќе се исуши за само една минута, оставете го остатокот од маслото на кожата околу ноктите за да ја нахрани и омекне.
Потоа намачкајте ги рацете со вашата омилена крема за дланки и уживајте во убавината на вашите нокти и мекоста и нежноста на вашите раце. Можете безбедно да започнете понатамошни активности, без да се грижите за оштетување на вашите тазе лакирани ноктите.