ЖивотУбави совети

Како да ги занимавате вашите деца?

Иако во денешно време голем број на деца се заминаваат со мобилен телефон или таблет, гледајќи цртани, се случува сите цртани на светов да им здосадат и да збеснуваат по дома…

Затоа, разбудете им ја креативноста! Ви нудиме неколку интересни проекти кои може да ги направите заедно со вашите деца.

  • Набавате фломастери кои се перат и дозволете им на вашите деца да си нацртаат по нешто интересно на нивните бели летни маички. Или пак дозволете им да ја исцртаат покривката со која спијат навечер. Ќе уживаат во оваа активност.
  • Чувајте ги картоните од тоалетната хартија. Набавете волница, самолеплива хартија, стикери, бои и направете некои интересни фигури.

  • Се сеќавате дека во забавиште правевме ѓердани од макарони? Зошто не би направиле некој ѓердан и вашите деца? Се што ви треба се макарони, подебел конец и темперни бои.
  • Направете брод. Потребни ви се мали гранки, парче шарена хартија и стапче од сладолед или сламка. Врзете ги гранките една со друга со помош на попречно поставена гранка и спремни сте за пловење! 🙂

  • Дајте им тесто, па заедно со вас нека месат кифлички. Или правете фигури од тесто кои подоцна ќе ги обојат и украсат со темперни бои.
  • За следнава идеја потребни ви се: хамер во боја, лепило и сол. Со помош на лепилото нацртајте одредени форми на хамерот, а потоа потурете со сол. Откако лепилото ќе се исуши, истресете ја солта што е отповеќе.

  • Во мали теглички ставете вода, средство за миење на садови и прехранбена боја. Клацкајте ги тегличките се додека не се создаде сапуница, а подоцна направете ремек – дело со тоа што со помош на лажичка децата ќе тураат од сапуницата на бел картон.

Поврзани статии

Back to top button