ЖивотУбави совети

Какви мажи сакаат жените?

Лошите момци отсекогаш важеле за попривлечни, а сега науката откри дали тоа е мит или вистина и зошто е тоа така…

Студија која е објавена во магазинот „Еволуција и човеково однесување“ открила дека жените најмногу ги привлекуваат мажи кои можеме да ги карактеризираме како лоши момци. Жените сакаат мажи кои во себе имаат нешто нарцисоидно и дрско.

Колку и да звучи бизарно, сега науката потврди дека жените ги сакаат лошите и диви момци, а не мирните со блага насмевка. Студијата потенцира дека жените попрво би излегле со маж кој е во оддело и сериозен, отколку со некој кој е во фармерки и се кикоти.

Психолозите кои работеле на оваа студија велат дека резултатите се очекувани и дека заклучкот има голема врска со еволуцијата. Жените потсвесно посакуваат сериозни, повозрасни, диви и по малку агресивни мажи кои би ги спасиле од непријатни и опасни ситуации.

Поврзани статии

Back to top button