ЖивотУбави совети

Каде да се нанесе парфемот? Овие точки се најдобри!

Моќта на парфемот не треба да се потценува. Може да ги допре нашите емоции и да ни помогне да формираме спомени, како кога мирисаме колачиња, кои не враќаат во кујната на нашата баба.

“Кога парфемот има способност да предизвика емоции, тој станува дел од нашите животи. Станува дел од личноста со која другите не поврзуваат”, изјавила за Vogue новинарката и авторка Клер Бингам. Кога ќе го пронајдете вашиот мирис, се чувствувате непобедливо и имате можност да го задржите вашиот мирис во собата дури и кога ќе го напуштите. Многумина знаат кога ќе дојдете по мирисот на парфемот што го користите, особено ако е впечатлив за сетилата. Парфемите се прскаат на растојание од два до четири сантиметри, два, три или четири пати поради времетраењето на мирисната нота. Во зависност од тоа каде се нанесува парфемот, може да трае цел ден или да се распрсне за кратко време.

Парфемот е најдолготраен кога е најконцентриран. Откако ќе го најдете вашиот парфем, важно е да знаете каде да го испрскате, за неговата нота да биде реална и долготрајна на вашата кожа.

Парфемите се прскаат на пулсирачките точки, бидејќи ослободуваат топлина. Овие области помагаат полека да се ослободуваат аромите во воздухот – во текот на подолг временски период.

Поврзани статии

Back to top button