ЖивотУбави совети
Кадаиф, омиленото благо на постарите генерации!
Наместо само на гости кај бабите и дедовците да го јадеме овој вкусен десерт, ви нудиме брз и едноставен рецепт за кои ќе ви се потребни околу 15 минути. Припремете го и викнете ги вие повозрасните на чаша чај и парче вкусен кадаиф!
Потребни состојки
1/2кг кадаиф
1кг шеќер
250гр ореви
200гр зејтин
150гр суво грозје
1,5л вода
Прво се пече кадаифот во загреана рерна и во намастено тавче. Од кога ќе го запечете додадете ги оревите и сувото грозје, потоа прелијте го со зејтинот. Водата и шеќерот варете ги околу 20 минути да добиете шербер. Оладете го кадаифот па потоа со оладен шербет полијте го кадаивот. Нека одстои за убаво да се впие и послужете го после неколку саати.