И телото и душата се менуваат при бременост
Од мигот кога сте забремениле, ќе почнете да се менувате. Ќе ви се менуваат телото и душата и се ќе му биде подредено на големото очекување на родосниот настан. Овој мал потсетник на можни промени ќе ви помогне да ги разберете и да ги прифатите како нешто сесем нормално за состојбата што е навистина поинаква. Но, не заборавајте го фактот дека многу жени тврдат дека никогаш не се чувствувале подобро и поубаво отколку кога биле бремени.
Утринско лошење и повраќање. Речиси секоја втора бремена жена после петтата недела се справува со овој проблем. Не грижете се, во најголем број случаеви лошењето престанува кон крајот на третиот месец, кога ќе заврши органогенезата.
Вртоглавица и слабост. Некои велат дека овие проблеми се јавуваат поради хормонските промени и растројства за време на бременоста. Други пак поради зголемувањето на матката која ги притиска главните крвни садови и предизвукува паѓање на крвниот притисок.
Промени на градите. После третиот месец се јавуваат во вид на течење на густа жолтеникава течност така наречена колострум. Оваа течност всушност го заштитува бебето затоа што содржи антитела на кои мајката е отпорна.
Болки во грбот. Според некои истражувања, придружуваат околу 50% од бременоста. Со растење на стомакот се поместува центарот за рамнотежа создавајќи додатен притисок, а тоа предизвикува благи болки во крстот.
Проширени вени. Ако се појават, тоа е најчесто кон крајот на шестиот месец. Делумно поради зголемениот притисок на зголемената матка врз главните вени на нозете.
Грчеви во стапалата. Не се необична појава од третиот месец на бременоста. Тие се последица на послабата циркулација поради притисокот на матката врз крвните садови, поради недостиг на калциум, а некои велат и поради вишок на фосфати.
Инконтиненција. Една од непијатностите кои доста често ја придружуваат бременоста. Барем на половина од бремените жени им се случува да не можат да ја задржат урината, најчесто кога ќе се накашлаат или насмеат.
Зачестено уринирање. Настанува како последица на поефикасната работа на бубрезите и на побрзо полнење на мочниот меур во раната бременост. Зачестеното мокрење обично престанува околу 12 недела, а повторно се појавува во последните недели од бременоста.
Едем. Настанува како резултат на притисокот на матката брз главните вени. Притисокот го забавува протокот на крвта при враќањето од нозете во срцето и му овозможува на вишокот на течност да се задржува во ткивото. Затоа многу бремени жени се соочуваат со отечени стапала и глуждови, особено кога надвор е топло.