Од васУбави муабети

И ништо повеќе не е важно​ се дур усните се сладат со медовина

ЉУБОВЕН ПАРФЕМ 

Разбудени чувства, ​
со мирис на патчули и сандаловина,​
прекриени со превез од мошус и кора од портокал, ​
на дожд од кристали, ​
нежно танцуваат валцер ​
опиени од мирисот на кедрово дрво и цимет.​
Во допирот од ванила и во здивот од јасмин, ​
заљубено воздивнува килибарот и патем, ​
нежно и невино се насмевнува под лимоновото дрво.​
Длабоки се погледите нивни,​
со боја и мирис на абонос​
и во нив се крие грижливо тајната на животот.​
Очи во очи, ​
очи со отсјај на ѕвезда,​
се гледаат со љубов ​
дур танцуваат валцер на патеката од рози.​
И времето станува неважно. ​
И денот се претопува во ноќта,​
а ноќта во денот.​
И ништо повеќе не е важно​
се дур усните се сладат со медовина.​

СОФИЈА ПЕТКОВСКА

Испратете и Вие ваш текст на info@ubavo.mk

Поврзани статии

Back to top button