ЖивотУбави совети

И на косата и треба здрава храна!

Изборот на правилна храна не влијае добро само на телото и умот, туку и на здравјето на вашата коса.

Постојат одредени намирници кои би требало да ги консумирате доколку сакате здрава, густа и сјајна коса од коренот до врвовите.

Лосос

Содржи омега 3 масни киселини кои ја јакнат фоликулата на влакната и помогаат косата побрзо да расте.

Школки

Состојките во нив помагаат вашата коса да има сјај. Знаеме дека оваа намирница на многумина не им е омилена, но, добро е да ја јадете одвреме-навреме.

Пилешко месо

Пилешкото месо содржи доста протеини кои го стимулираат производството на кератин, супстанца која е важна за здравјето на вашата коса.

Јајца

Јајцата содржат биотин кој го намалува косопадот.

Бадеми

Богати се со витамин Е кој влијае на јакнење на влакната. Според лекарските препораки, дневно треба да внесувате околу 30 гр. бадеми.

Поврзани статии

Back to top button