И големите љубови секогаш завршувале со големи очекувања или со голема болка…
Мене ми е ноќта како постела, ме покрива со тишина додека тонам во оној мој посебен, чуден свет…
И како да имам бродолом во ребрава. Толку години, толку векови, а не можам на научам како да престанам да се давам во себе, во безброј пречисти емоции…
Ја сакам ноќта зошто во неа се сите оние врисоци што си го наоѓаат патот до својата експолозија…а никој не ги слуша.
Викаат дека сите оние кои љубат со душа, создаваат мудрост од зборовите, да ги запечатат чувствата…И ако некогаш успееш да ја освоиш душата на оној е научен да создава, никогаш нема да станеш заборав…Ќе се преточиш во стих, ќе станеш песна за љубовта и болката, за среќата и тагата, за возвишеноста…
Како да те зачувам од времето кога мене ќе ме нема?!
Како да ти дадам само зборови кога тебе ти припаѓа вечноста?!
И големите љубови секогаш завршувале со големи очекувања или со голема болка…Се што ти ја придвижува крвта е вредно за да поминеш низ вечен оган, да зачекориш по стакло, да се пронајдеш себе на места кај што не си мислел дека ќе застанеш…а најмалку, дека ќе живееш…
Ајде вака, јас ќе напишам песна-
“Ноќта е за мене-утрата за тебе,
тагата за мене-среќата за тебе,
исчекувањата за мене-сигурноста за тебе,
се за тебе- а ти за мене….”
И ќе знаеш секогаш кога твоите очи ќе паднат на моите стихови- Се е твое- и ова тело што било осквернавено од нечисти дланки, што грабале делови, парчиња…и ова срце што научи да тоне во хармонија на секое твое срцебиење…и мојата душа…ах, таа што со векови чекаше на едно место, како кип на невреме, да дојдеш, да се појавиш, да ме ослободиш…
И сега си тука!
Па ќе ти напишам некогаш со врвовите од прстите на кожата…полека, онака како што само јас знам…
Ќе ти напишам:
Љубов, тебе те чекав! Да ти го осетам здивот, да проструиш како воздух низ празните ходници во ова тело. Тебе те чекав за да потонам во твоите очи, оние што ги барав во сите…а ги немаше…ги немаше се до сега…
Па ќе сакам да ти ги допрам усните, на мој начин…полека, нежно, како свила што се тркала по трња и не се кине…и ќе ти вдишам страст, оган што ќе те натера да ме припиеш во себе, да ме имаш, да се препуштиш и да ти се предадам…да ме чуваш за да останам…
И знаеш што?!- Тука сум сега…засекогаш останувам…
Маја Спасовска
Испратете и вие ваш текст на info@ubavo.mk