Исцрпувачки: 6те најнапорни хороскопски знаци
Колку пати ви се случило да слушате и слушате и слушате некого и колку ве исцрпува неговата приказна што ќе завршите целосно без енергија? За таквите луѓе со право може да се каже дека се напорни и дека навистина тешко се поднесуваат.
Астролозите тврдат дека припадниците на овие шест хороскопски знаци можат да се окарактеризираат како најнапорни:
Овен – Луѓето родени во знакот Овен често знаат да бидат упорни, наметливи и напорни. Не се тие криви што се такви, едноставно тоа е дел од нивната природа. Сакаат да го наметнат своето мислење по секоја цена, а често се убедени дека знаат се најдобро. Освен тоа, често може да се слушне дека Овенот е многу лут и нема лесно да ви прости ако му замерите или приговарате.
Рак – И овој знак е меѓу шесте „величествени“, не само поради неговата наметливост, туку и поради неговата непостојаност и немарност. Луѓето очекуваат припадниците на овој знак да бидат љубезни, фини и топли. Но, откако ќе ги запознаат, сфаќаат дека тоа не е така, само ги измамила мирната надворешност со која зрачат на прв поглед. Исто така, тие не се многу доверливи кога станува збор за доверливи работи, па затоа внимавајте што ќе им кажете.
Лав – Родените во знакот Лав имаат многу силен карактер, сакаат акција и мислат дека секогаш се во право. Кога нешто не им се допаѓа, тие имаат тенденција да се караат и да го наметнуваат своето мислење. Исто така, тие можат да бидат малку ограничени во размислувањето, па да ја „удават“ другата страна со своите „теории“.
Вага – Припадниците на овој знак често ја покриваат својата „лева“ страна со својот шарм и нежност. Меѓутоа, кога малку подобро ќе ги запознаете, брзо сфаќате дека се далеку од личноста која е добро да ја имате покрај себе. Вагите знаат да бидат многу себични и прават работи само за да добијат некаква корист. Често лажат за да се извлечат од непријатната ситуација во која и самите „западнале“. Вагите имаат тенденција да избегнуваат одговорност. Доколку не сакате да влезете во неволја, бидете внимателни со припадниците на овој хороскопски знак.
Водолија – Водолијата сака да зборува. Нивните монолози можат да траат со часови, додека соговорникот чека да каже барем еден збор. Често се неодговорни, ветуваат нешто, но како што поминува времето ветувањето избледува, па дури и исчезнува. Кога некој не им се допаѓа, тие се способни да го игнорираат до бесвест. Меѓутоа, ако им паднете во очи, ќе се обидат да ве освојат, но и тоа понекогаш знае да биде површно.
Риби – Родените во знакот Риби често си играат со туѓите емоции. Со нив, никогаш не сте сигурни што правите. Тоа не го прават со предумисла или од злоба, туку „само си тераат вода на нивната воденица“. Дури и ако ви се случи да развиете некои чувства кон нив, не предавајте се целосно, бидејќи многу брзо ќе почнете да се сомневате во нивната искреност.