ЖивотУбави совети

Интересна идеја за денешниот ручек

Немате идеја што вкусно да подготвите денес за ручек? Ние имаме супер интересен рецепт за вас: ориз со фета, тиквички и модри домати.

Потребно за 4 лица: 180гр ориз, 200гр фета сирење, 100гр печени тиквички, 100гр печени модри домати, 12 шери домати, 2 гранчиња мајоран, бел вински оцет, 3 лажици маслиново масло, сол и црн пипер.

Подготовка: Ставете да зоврие литар вода, посолете ја, па додајте го оризот и варете колку што е потребно. Потоа сварениот ориз исцедете го, полијте го со ладна вода па повторно исцедете го. Исечкајте ги тиквичките на правоаголници, модрите домати на ленти, а фета сирењето на коцки. На оризот додајте ги зеленчукот и сирењето. Полијте ги со масло и оцет, па посипете ги со сол, црн пипер и листови мајоран. Добро измешајте ги и сервирајте ги.

Добар апетит.

Поврзани статии

Back to top button