ЖивотУбави совети

Интересна идеја за денешниот ручек!

Збогатете го секојдневното мени со врвни рецепти. Уживајте во секој залак! 

Запечена паста – време за подготовка 35 минути – печење 45минути.

Потребни состојки: 2 мркови, 1 праз, 1 корен целер, 300гр мелени пелати од домати, 300гр мелено јунешко месо, 300гр тестенини, 1дл бело вино, 40гр путер, 3дл сок од домати, 3дл јунешка супа, 2 лажици брашно, 4дл млеко, 30гр пармезан, 150гр кашкавал, масло, сол и црн пипер.

Приготвување: Празот, морковите и целерот исечкајте ги на коцки. На масло пропржете го празот само колку да омекне, Додедете ги целерот и морковите па и нив кратко пропржете ги. Додајте го меленото месо и пржете непрекинато и мешајќи додека не ја смени бојата. Понатаму динстајте десетина минути долевајќи по малку вода. Потоа додајте ги пелатите од домати и сувите тестенини, па промешајте и префрлете во земјен или стаклен сад. Посебно соединете го белото вино, сокот од домати и јунешката супа, па прелијте преку смесата во земјената тава и промешајте. Печете во загреана рерна на 200степени, се додека тестенините не се набабрат и не ја впијат течноста. Посебно во тенџере растопете го путерот, додајте го брашното и кратко пропржете. Додајте млако млеко непрекинато мешајќи додека сосот не се згусне. измешајте го пармезанот и зачинете по вкус. Пред крајот на печењето јадешето прелијте го со бешамел сосот и попрскајте со рендан кажкавал, па вратете да се запече.

 

 

Поврзани статии

Back to top button