Од насУбави муабети

Инвестирај во својот брак!

Ако ставиш бурма на прстот, не значи дека твојата врска завршува и започнува бракот!

Всушност, многу бракови пропаѓаат затоа што и се препуштаме на рутината и не вложуваме доволно во односот со нашиот животен сопатник.

За еден брак да биде успешен, во него треба да инвестирате:

  • Вашето време: Се сеќавате дека на почетокот на врската го правевте и невозможното за да најдете време да се видите со вашиот сакан иако работевте и по десет часа? Зошто би било поинаку во брак? Најдете време за да разговарате, да планирате, да водите љубов, да уживате во чаша вино и вкусна храна, да отпатувате некаде…
  • Вашата љубов: Бракот не значи исчезнување на романтиката. Напротив, таа треба да биде двојно поголема. Изненадувајте го партнерот. Бакнувајте го страсно. Гушкајте го силно.
  • Вашата жртва: Сетете се колку жртви сте правеле за вашата врска да успее… И колку многу компромиси. Зошто не би го правеле и тоа во брак?

Никој не рече дека бракот е лесен. но, со сигурност вие може да го направите – прекрасен! И никој друг!

Поврзани статии

Back to top button