ЖивотУбави совети

Има нешто гнило во душата човечка, дури и од најдобар сој да е…

Венко Андоновски е еден од најпопуларните македонски писатели на почетокот од 21. век. Тој е раскажувач, романсиер, драмски автор, поет, есеист, критичар и книжевен теоретичар. 

“Има нешто гнило во душата човечка, дури и од најдобар сој да е. И полесно се расипува добриот, одошто се поправа лошиот, како што полесно здрав се разболува, одошто болен оздравува. И сфаќаш дека не било вистина она твоето, до кое си се држел – големо зло е да не направиш добрина. И дека не било вистина ни она твоето – доброто дело е единственото богатство што се умножува со давање, како и пламенот на свеќите. И дека точно било она: се плашам од ангелите – толку се добри што ќе се согласат да бидат и сатани.
Луѓето не само што ги забораваат добрите дела што си им ги сторил туку и ги мразат оние добротвори на кои треба да им заблагодарат за добрините што им ги сториле.”

“Ќерката на математичарот” – Венко Андоновски

 

 

Поврзани статии

Back to top button