Имајте летен викенд на планина!
Додека сите се на плажа, се сончаат и капат вие пред вашето заминување на плажа, или, по доаѓањето интересно би било да се одлучите да поминете викенд на планина, да почувствувате свеж воздух и да уживате во пониски температури. Македонија нуди убава и богата природа и нема да погрешите ако се одлучите токму кај нас да е тој планински викенд.
Берово е една од помалите градски населби која се наоѓа на источниот дел на Македонија. Во централниот дел во областа Малешевија. Сместено е во горниот тек на реката Брегалница, на надморска височина на околу 800/900 метри. Населбата е од понов период, поточно од 16-17 век, а поинтензивно се развивала во втората половина од 19 век. Поразвиен популациски и стопански развој градчето имало по Втората светска војна. Името Берово дошло од движењето на жителите од тогашните населби, кои барале поплодно и порамно земјиште.
Доколку се одлучите да поминете викенд токму во убавото и мирно Берово, ве советуваме понесете и бикини поради тоа што располага со убави хотелски комплекси кои нудат релаксација на високо ниво. Уживајте токму во базен на планина. Убаво би било да ја посетите црквата Св. Архангел Михаил, Домот на култура, Манастирот Св. Богородица и да ѕирнете низ спомениците во Беровски кои сведочат за богато историско минато.