ЖивотУбави совети

Идеја за денешниот ручек!

Ражничи подготвени во рерна е денешниот предлог од нас за вас.

Потребни состојки: 600гр пилешко бело месо, неколку шери домати, неколку свежи печурки, 1 главица кромид, магонос, босилек, сол и црн пипер по желба.

Подготовка: Дел од белото месо сечкајте го на коцки а дел на потенки фиети. Посолете ги и залинете ги по ваш вкус. Завиткајте во ролничка и исечете на тркалца со дебелина околу 1цм, потоа наредете ги на дрвените стапчиња, ред месо, ред печурка, ред месо, ред домат (потребно е малку да ги покиснете стапчињата во ладна вода). Наредете ги во плех обложен со хартија за печење и попрскајте ги со маслиново масло. Околу 30мин печете на средно згреана рерна додека не заруменат.

Совет плус: може да додадете и зелени пиперки по желба или наместо бело пилешко месо да ги подготвите со свинско на коцки.

Поврзани статии

Back to top button