Од насУбави муабети

Зошто љубовта ве заобиколува?

Зошто не можете да продолжите напред? Зошто љубовта никако да тропне на вашата порта? Се чувствувате како да се вртите во круг од кој нема излез? Мислите дека никогаш нема да се појави оној правиот? Мислите дека Господ за сите луѓе на светот создал сродна душа само за вас не?

Ако често низ глава ви се мотаат овие прашања голема е веројатноста дека сте заглавени. Заглавени поради грешки за кои не сте свесни и секојдневно ги повторувате. Грешки кои ги блокираат добрите емоции и новите шанси. Навиките ваши можеби ја отфрлаат љубовта…

Дали сте се фатиле себе си како константно ги практикувате доле наведените проблеми? Ако одговорот е да значи дека во вас е проблемот, и лесно е да го решите.

Се уште живеете во минатото? Ако се уште сте на било каков начин поврзани со бившиот, макар и да е расправија тоа вие сте на погрешен пат. Заборавете на него, да бил во ред односот немало сега да го нарекувате бивши. Избегнувајте се и секој  што ве навраќа на него. Збогувајте се со минатото, оти местото не му е во сегашноста.

Се обвинувате себе си за пропаднатите врски? Секој од нас има сопствен пат кога е во прашање преболувањето. Некои од нас преболуваат така што го обвинуваат партнерот и се полнат со негативни мисли за него, а пак други ја бараат вината во себе и си ја уништуваат сегашност мислејќи каде и зошто згрешиле. Заборавете на грешките, чии и да се. Се се случува со прилина. За вас постои вистински човек, отворете ја капијата на сегашноста и ѕирнете во иднината.

Имате навика премногу да анализирате и да размислувате? Звучи лудо, но со преголемо размислување и анализирање на новиот партнер може да добиете контра ефект. Фокусирајки се на ситниците, да ја уништите суштината.

 

Поврзани статии

Back to top button