Зошто се појавуваат акни?
Акните не се само добро познат придружник на пубертетот. Овој непријатен (често болен) феномен се повеќе се забележува кај жените во зрелоста, а стресот, несоодветната исхрана, промената на хормоните, како и неколкучасовното носење маска се типични предизвикувачи. Искуството покажува дека акните – според статистичките податоци – се јавуваат кај повеќе од 85% од луѓето во одреден период од животот. Всушност, 50% од 20-годишниците, 30% од 30-годишниците и 25% од 40-годишниците се соочуваат со овој проблем. Сепак, многумина не се ни свесни од каде доаѓа „опасноста“, односно кои се неочекуваните причини за појава на акни.
Кога се појавуваат акни?
При отстранување на влакна на лицето. Од нечисти и нередовно менувани перници. Од несоодветни препарати за кожа. Од неквалитетен и недоволен сон. Од мобилниот телефон (од рака директно на кожата на лицето). Од промена на хормонален статус. И од недоволен внес на течности во огранизмот.