ЖивотУбави совети

Зошто патувањата се добри за вашата врска?

Кога патувате некаде со личноста која ја сакате, запомнете дека тоа е многу повеќе од патување. Вие се запознавате еден со друг и откривате работи кај другата страна кои досега не сте ги виделе. Тоа се нови расположенија, нови емоции и нов тест за вашата врска. Излегувањето од комфорната зона и тргнувањето кон непознатото се освежување за секоја врска, некогаш добро, некогаш лошо. Патувањата со вашиот партнер или партнерка нема секгаш да бидат едноставни, често бараат многу трпение, посветеност и љубов, но добивката е секогаш поголема од влогот.

Уште веднаш спакувајте ги куферите и заминете на пат.

Патувањата со себе носат стрес бидејќи може да се соочите со стресни ситуации, како пропуштање на авион или губење на багажот. Поентата не е во тоа на каков проблем ќе наидете, туку како вашиот партнер ќе изреагира на тоа. Ќе се лути ли, ќе се жали или ќе проба да ја реши ситуацијата? Реакциите говорат многу повеќе од зборовите, преку нив го запознавате подобро вашиот партнер.

Кога сте на патување вие сте 24/7 заедно со вашиот партнер и не можете да побегнете еден од друг како што можете кога сте секој во својата дома. Затоа, патувањата ви помагаат да го разберете вашиот партнер добро и ве учат да бидете флексибилни и подготвени за компромис.

Ќе се видите во секакво светло и тоа е одлично за понатамошниот развој на вашата врска. Ќе дознаете каков е партнерот каков е наутро после непроспиена ноќ, како се однесува за време на ручек, како комуницира со непознати, како спие… Сите овие ситуации ќе ви помогнат да откриете каков е тој или таа навистина, ќе го видите во сите светла и ќе знаете дали би можеле по одредено време да живеете со тој човек.

Патувањата исто така ќе ви покажат колку некој е подготвен на договори, од тоа каде и што ќе ручате па се до тоа како ќе се троши заедничкиот буџет. Ќе ви откријат колку вашиот партнер знае да биде забавел или пак, здодевен. Ќе ви помогнат да сфатите дали сте во вистинската врска или не.

Поврзани статии

Back to top button