Зошто оние што помалку јадат подолго живеат?
Најновите истражувања покажале дека намаленото внесување калории во организмот значително го продолжува животниот век. Научниците од американскиот Универзитет Јејл се надеваат дека ќе успеат да развијат лек што ќе има исто дејство, но без потреба од одрекување од хрната.
Истражувањето спроведено врз винските мушички, кои имаат гени слични на оние кај цицачите, покажало дека клучот за долговечност би можел да биде во ензимот познат под името Рпд3 хистонска деацетилиза. Истражувањето покажало дека мушичките со генетски мутации, поради кои имале помало ниво на споменатиот ензим, живеат 33-50% подолго од нормалните.
Со исхрана што содржи помало количество калории животот може да се продолжи за околу 41%, тврдат научниците. Но исхраната сиромашна со калории има и други позитивни страни. Предходните истражувања покажале дека лицата што во својот организам внесуваат помалку калории имаат подобар мускулен тонус, кај нив поретко се развиваат канцерогени промени и имаат помалку срцеви пробелми, а на таквите лица и подоцна им побелува косата.