ЖивотУбави совети

Зошто му е потребен одмор на вашиот организам?

Срцевите тегоби најчесто се јавуваат меѓу 21 часот и полноќ, речиси секогаш по напорен, напрегнат ден во кој сме испиле повеќе филџани кафе за до го одржиме ритамот. Исто така и во утринските часови често настапува зголемување на артерискиот крвен притисок, срцев инфаркт и ненадејна смрт. Кога ќе ја пречекориме границата на издржливоста, настапуваат значајни срцеви заболувања и заболувања на крвните садови. 

Нашиот одмор мора да не закрепнува. Додека спиеме, нашите нервни клетки се ослободуваат од метаболичките наслојки што се создаваат во текот на денот. На сите клетки на нашиот организам им е неопходен одмор секој ден. Одморот треба да биде редовен, најмалку 7 часа кај возрасните лица. 

Покрај секојдневниот одмор, на нашиот организам му се потребни и други видови одмор: седмичен (најмалку еден ден во неделата) и годишен одмор. Во минатото луѓето се обиделе да ја нарушат седмицата. За време на Француската револуција, поттикнати од рационализмот, револуционерите создале седмица од 10 дена. Дали тоа било логично? Овој изум пропаднал. Постои нешто кај луѓето што ги присилува да се одмораат секој седми ден. Тоа е потреба на организмот поврзана со биолошките ритми и се наоѓа во повеќето религии како заповед која треба да се почитува и на која треба да се гледа сериозно.

Поврзани статии

Back to top button