Зошто е добро да јадете боровинки?
Боровинките можат да бидат алтернативен метод за намалување на нивото на холестерол, тврдат научниците од американското Министерство за земјоделство.
Нивното истражување покажало дека спојот што содржи боровинки може да го намали нивото на т.н лош холестерол подеднакво делотворно како и комерцијалните лекови. Иако резултатите од истражувањето се прелиминарни, научниците веруваат дека врз основа на дејството на антиоксидантот птеростабилен може да се развие нов третман за борба против холестеролот, кој ќе има помалку штетни пропратни дејства отколку што ги имаат постојаните методи.
Слични антиоксиданти се откриени во грозјето и во црното вино, а некои поранешни истражувања укажуваат на можноста птеростилбенот да го намали ризикот од заболување од рак и дијабетес.