ЖивотУбави совети

Зошто диетите не ви успеваат?

Диетите кои се базирани на кратење на количеството на храна кое го внесуваме имаат краткорочен ефект, бидејќи најчесто, по одредено време килограмите се враќаат.

Експертката за здрава исхрана и нутриционизам, Витни Стјуарт смета дека поголемиот број на популарни диети имаат строги правила и најчесто се засновани на помалку внесување на храна, броење на калории и исклучување на шеќерите од исхраната. Но, според неа, ваквите правила се невозможни на долг рок.

Таа смета дека подобрата варијанта за слабеење е внимавањето, односно дека може да консумирате се, но притоа да биде избалансирано, што не значи дека секој ден би требало да јадете слатки и брза храна, туку одвреме – навреме. Во исхраната внесете што повеќе ошовје и зеленчук.

И се разбира, според Стјуарт, тајната е во физичката активност, односно во трошењето на храната што сте ја изеле.

Поврзани статии

Back to top button