ЖивотУбави совети

Зошто децата не го сакаат зеленчукот?

Ако сте родители, веројатно знаете дека децата баш и не го сакаат многу зеленчукот. Уште поверојатно е што имате заборавено дека како мали и вие баш не го сакавте.

Научниците со едно истражување потврдија дека ваквата појава не е случајна и е нормална и вообичаена за децата.

На децата им е потребна енергија и тоа многу повеќе за разлика од возрасните, па затоа инстинсктивно го скокаат зеленчукот и бараат храната која е или слатка или масна. Децата можеби не се свесни за тоа, но бараат храна која е богата со калории, велат научниците

Исто така, тие наведуваат и друга причина зошто децата не го сакаат зеленчукот: тој нема сладок вкус, а во природата токсичните работи имаат по малку горчлив вкус, па го избегнуваат зеленчукот инстинктивно, односно избегнувањето им е одбранбен механизам.

Сепак, трудете се вашето дете да консумира зеленчук: подметнете го во оброокот, направете креативни форми од него или послужете го интересно за децата да го посакаат.

 

Поврзани статии

Back to top button