ЖивотУбави совети

Зимски куглоф со бело вино – вкус на кој нема да можете да одолеете!

Куглоф со варено вино е идеално задоволство за овој период од годината. Има феноменален вкус и се подготвува за помалку од еден училишен час. Самата подготовка е едноставна и трае од 10 до 15 минути. Намирници? Сигурно ги имате дома.

Потребни состојки:

  • 4 јајца
  • 270 гр шеќер
  • малку рендана кора од лимон (половина лажица)
  • трошки од леб
  • Путер за подмачкување
  • 350мл бело вино
  • 20мл сок од лимон
  • 40мл сок од портокал
  • цимет, каранфилче и кора од портокал, по вкус, за варење на виното

Подготовка:

Поделете ги жолчките и белките. Во жолчките додадете шеќер, кора од лимон и промешајте. Кога жолчките се добро изматени, изматете ги белките (на кои ќе додадете 70 грама шеќер) во цврст снег. Додадете ги изматените белки во мешавината од жолчки и шеќер и мешајте, лесно, со миксер за храна. Калапот од куглоф добро намастете го со путер и посипете со лебни трошки, за да не се залепи тестото. Ставете го куглофот во загреана рерна на 180 степени и печете го 30 минути. Во меѓувреме, сварете го белото вино со 100 грама шеќер и зачини по вкус. Кога ќе се испече куглофот (и откако ќе го одделите парчето за деца), посипете го со вареното вино. Кога добро ќе се олади, исечете го на парчиња.

Поврзани статии

Back to top button