ЖивотУбави совети

Здрав леб без бело брашно!

Бидејќи на многумина им е незамисливо да имаат оброк без леб за денес подготвивме рецепт за здрав леб без бело брашно. Сами дома направете здрав леб!

Потребни состојки:

100 гр брашно од спелта
100 гр ‘ржано брашно
100 гр брашно од просо
1/2 прашок за пециво
25 гр маслиново масло
250 мл млака вода
сол по вкус
семе за посипување (лен, семки, сончоглед)

Подготовка:

Измешајте ги сите брашна со прашокот за пециво. Додадете маслиново масло и вода, а потоа измешајте сè со лажица. Тестото треба да биде лепливо. Ставете хартија за печење во плехот за печење и извадете поголемите топчиња со лажица (треба да добиете 5-6 лебчиња). Обликувајте ги и посипете ги со семиња по желба. Посолете и печете во загреана рерна се додека не заруменат, околу 20 минути на 190 степени. Со чачкалица проверете дали тестото внате е испечено.

Поврзани статии

Back to top button