ЖивотУбави совети
Здрави чоко бомбици од 4 состојки
Ова е рецепт за лесни и брзи бомбици кои ќе ги обожава целото семејство. Кога јадете ужинки и десерти, најчесто гледајте изборот да биде здрава варијанта.
Потребни состојки: 2 банани, 300гр темно чоколадо, 200гр мелени овесни снегулки и џем од јагоди.
Подготовка: 2 испасирани банани измешајте ги со 100гр стопено чоколадо. Додадете ги смелените овесни снегулки и добро соединете ја смесата. Земајте дел од смесата, во средина ставете малце џем од јагода па формирајте бомбица.
Ставете ги во замрзнувач околу 10 минути да се здрват. За тоа време растопете го преостанатото чоколадо. Секоја бомбица прелијте ја со чоколадо.
Добар апетит.