ЖивотУбави совети

Здрави пијалаци за силен имунитет

Есента е период од годината кога времето е променливо, а вирусите не демнеат од сите страни. Затоа треба да поработите на зајакнување на својот имунитет. Наместо да посегнете по препарати, посегнете по овошје и зеленчук. Ви ги нудиме двете најдобри опции за смути пијалаци кои ќе ве освежат, ќе ви ја вратат енергијата и ќе го чуваат вашето здравје.

BANANA SPICE

Потребни состојки за две чаши: 30 гр. спанаќ, 2 шолји кокосово млеко, 3 банани, 1 мало парче исецкан ѓумбир и половина лажица цимет.

Изблендирајте ги спанаќот и кокосовото млеко се додека не добиете хомогена смеса. Додајте ги останатите состојки и изблендирајте уште еднаш.

PURPLE POWER HEALER

Потребни состојки за две чаши: 90 гр. црвена зелка, 1 чаша вода, 1 портокал и 1 банана.

Сите состојки ставете ги во блендер. Блендирајте се додека не добиете изедначена смеса, па уживајте во смути преполно со витамини.

 

Поврзани статии

Back to top button