Здрави бомбици за енергија – за вас и вашите најмили
Овие бомбици навистина мора да ги пробате. Не се готват ниту се печат. Послужете ги децата со нив наместо со купечки колачи, сами себе почестете се со мало слатко задоволство, подарете ги на некој кој ужива во вкусот на природата… Сирурни сме дека на многумина од вас овие бомбици ќе станат омилениот десерт!
Потребни состојки: 10гр мелени бадеми, 10гр суви смокви, 10гр лешници (или ореви по желба), сок од еден портокал, ванила во прав, 1 голема банана, 3 лажици какао (или рендано темно чоколадо), половина лажичка цимет, 3 лажици кокосово брашно (за декорација).
Подготовка: Изблендирајте ги бадемите и смоквите. Лешниците искршете ги на поголеми парчиња. Испасирајте ја бананата. Измешајте ги сувите состојки па додадете го сокот од портокал, бананата и ванилата во прав. мешајте додека не добиете компактна смеса од која ќе можете да направите бомбици. Доколку е смесата мека додадете уште бадеми, лешници или смокви. Откако ќе ги обликувате бомбиците извајлакте ги во коко, рогач или чоколадо во прав (во зависност каков вкус сакате). Бомбиците чувајте ги на ладно и уживајте!