ЖивотУбави совети
За љубителите на риба: Пастрмка со бадеми!
Што поскоро набавете си ги потребните состојки и подгответе го за себе и најблиските овој оргинален и многу вкусен рецепт кој никого нема да остави рамнодушен.
Потребни состојки:
4 Пастрмки (средна големина)
125гр бадеми
0.5 дл маслиново масло
10гр путер
1 китка магдонос
1 лимон
Брашно, сол и бибер
Исчистената риба посолете ја, премачкајте ја во брашно и во сад со брашно испржете ја. Бадемите пропржете ги со путерот се додека не добијат бакарна боја. Потоа ставете ги брз испржената риба. Во преостанатиот путер од пржените бадеми додадете го сокот од лимон, додадете ситно исецкан магдонос и пропржете малку. Смесата прелијте ја преку рибата. Вака приготвената риба може да ја сервирате со свежа зелена салата или со варен компир.