ЖивотУбави совети
За што се може да го употребувате кокосовото масло?
Кокосовото масло во последно време е доста актуелен производ и освен во прехраната може да се употребува и во козметички цели.
Ви нудиме неколку начини за употреба на кокосовото масло:
- Доколку сакате здрава и цврста коса, која ќе расте побрзо и нема да имате распукани врвови, тогаш измешајте две лажици кокосово масло со две лажици рицинусово масло и смесата ставете ја на косата. Чувајте ја два до три чќаса, а потоа измијте темелно со шампон. Користете ја оваа масака еднаш до два пати неделно и веќе за месец дена ќе ги видите првите резултати.
- Тешката шминка и нечистотиите од лицето може да ги отстраните со сунгерче за лице натопено во кокосово масло.
- Омекнете ги кутикулите на ноктите така што после секое туширање ќе ги масирате десетина минути со кокосово масло.
- Измешајте пет лажици кокосово масло со две лажици кафеав шеќер и добивате пилинг за тело кој ќе ја направи вашата кожа мазна и мека.
- За меки стапала пак, натопете газа во кокосово масло, ставете ја на петициите и прицврстете ја со помош на фластер. Оставете ја преку ноќ, а утрото ќе имате стапала како штотуку да сте направиле медикир.