За совршена есенска комбинација потребен ни е соодветен маникир!
Чантите, чевлите, ремените и накитот се одлични модни додатоци, но ако треба да ја создадеме најдобрата комбинација за оваа сезона, потребни ни се и совршени нокти – соодветен лак за нокти. Покрај тоа, ноктите се како празно платно кое само чека да го одсликаме со нашата индивидуалност и креативност.
Маникирите и боите за нокти оваа есен се претежно типични за оваа сезона. Тие наликуваат на магија, на забранетата романса… Значи, без разлика дали се подготвувате за вечерно излегување, пауза за кафе со вашите пријатели или одите на факултет или работа – со средени нокти ќе биде загарантирано да бидете забележани.
Стандардни есенски темни тонови: Црвената боја и оваа сезона е тотално ин, мат нијансите, сјајните и сложените декорации – се само дел од трендовите за нокти и оваа сезона.