За овие 3 знаци осаменоста е како судбина, тешко ги одржуваат врските
Со некои знаци е многу тешко да се одржи врската. За овие три знаци осаменоста е како судбина, а тоа е поради нивниот незгоден карактер.
Бик – Биковите знаат да бидат одлични во врска, несебични се и ќе направат се за саканата личност, но на самиот почеток на врската често прават голема грешка, а тоа е премногу да се отвораат и да даваат премногу, додека врската практично не ни започнала. Затоа често ги искористуваат, бидејќи не можат навреме да го препознаат вистинското лице на личноста што им се допаѓа.
Девица – Проблемот со Девиците е што постојано го анализираат партнерот. Тие даваат прекумерни значења на секое движење и збор, па дури и значења кои воопшто не постојат. Така, тие имаат неверојатен талент да создадат проблем од сосема безопасна ситуација.
Вага – Вагите, како што кажува нивното име, секогаш се во потрага по нешто и никогаш не се целосно посветени на врската во која моментално се наоѓаат. Постојано гледаат наоколу и гледаат што уште се нуди на пазарот, а во меѓувреме ги игнорираат проблемите кои им се случуваат во врската, бидејќи се надеваат дека нешто ќе „изникне“. А кога тоа не се случи, тие ја напуштаат врската разочарани.