Заљубеноста помина – дали тоа значи дека ќе настапи крај на врската?
Таа прекрасна симфонија од љубов што ја “составивте” со вашиот партнер одеднаш престана да се слуша. Се чини дека до вчера гласот на вашата душа звучеше како песна, а денес тој го загуби својот шарм. Кога сте заедно, не се чувствувате како во волшебство, а времето не е исполнето со смеа и радости…
Очигледно, фазата на идеализација е завршена, а фикцијата и хормоните кои имаат влијание врз способноста за размислување повеќе не работат. Се чувствувате како да сте симнати од облакот во суровата реалност. Како да се справите и да го надминете “олабавувањето” и емоционалното незадоволство, бидејќи љубовта сè уште постои… Претстанете на секој збор да фаќате кусур, сетете се дека некои работи кои сега ви сметаат партнерот ги правел и на почетокот, но тогаш воопшто не ви сметале. Не смеете да бидете секогаш спремни за расправија. Трудете се да има што помалку ноќи без страст. Страста умее да ја заживее врската на вистински начин. Правете интересни работи заедно, не смее досадата да ве проголта. И, не заборавајте, физичките допири играат многу важна игра во целиот однос.