Заштите ги усните од студ и ветер – сами направете домашен мелем за усни!
Балзамот за усни мора да го употребувате доколку сакате да ги заштите усните од испукување кое е често за време на студените денови. Усните може да ги негувате и со домашен балзам кој ќе го направите сами и кој нема да содржи никакви хемикалии, бои и парабени.
Потребни ви се следниве состојки: 15 гр. пчелин восок, 10 мл. кокосово масло, 3 мл. бадемово масло и 4 капки етерично масло од портокал.
Восокот, кокосовото и бдемовото масло ставете ги на пареа и мешајте ги додека не се соедината. Тргнете ги настрана, па додадете го етеричното масло од портокал. Добро измешајте и смесата ставете ја во чиста кутија. Откако ќе се олади затворете ја кутијата и веќе сте добиле нов балзам за усни. Вака направениот балзам може да го употребувате до три месеци.