Замини ако душата не ти е мирна
Онаму каде што срцето не ти чука урамнотежено и каде душата не ти е мирна не е правото место за тебе. Сврти се, стегни заби колку и да е тешко, замини. Замини и не врти ја главата никогаш назад. Памети ги само убавите времиња, се друго заборави.
Заборави на болката, мисли на иднината. Замини, ослободи се. Ослободи го телото кое во окови ти било, ослободи го умот на кој мислите му ги потискале. Замини и не тагувај. Затвори ја вратата која те притиска и не заслужува да ја држиш отворена. Затвори ја и остави ја секоја болка во неа. Убаво заклучи ја за никогаш повторно да немаш сила да ја отвориш.
На новиот ден нов почеток ти создади му. Твој е денот, твој е мигот и твој е животот. Само каде чувствуваш среќа остани, а од тагата ако дојде пак ти повторно замини.