ЖивотУбави совети

Задолжително погледнете го дното на шишето флаширана вода!

Сите ние секојдневно пиеме флаширана вода во пластични шишенца, а ретко кој од нас е свесен за лошите тајни кои се кријат на амбалажата. Во продолжение еве што е најважно и што мора да знаете.

Ни случајно не користете го истото шишенце два пати. Пластичните шишиња може да содржат многу опасни хемикалии, и доколку сакате повторно да го искористите шишето задолжително е да го погледнете знакот кој се наоѓа на дното од шишето. Токму тој знак открива од која врста на пластика е направено шишето. 

Внимателно погледнете ја бројката која се наоѓа во триаголникот. Број 1 значи дека шишето смеете да го користите само еднаш, затоа што е направено од пластика која при повисока температура или ако е изложена на сончеви зраци испушта отровни материи во водата. Освен 1 избегнувајте ги и бројките 3 и 7. Тие испуштаат уште поопасни отрови и предизвикуваат посериозни здравствени проблеми. 2, 4 и 5 се бројките кои се сигурни за повеќе употреби.

Поврзани статии

Back to top button