Заборавете на “skinny” моделите на фармерки, оваа година на модниот врв ќе се фармерките со остри рабови и рамен крој!
Популарноста на “skinny” фармерките се објаснува со фактот дека веќе неколку години се на врвот на модната листа. Овие фармерки беа купувани од многу дами ширум светот затоа што ја истакнуваат фигура на најдобар можен начин. Сепак, постои линија на фармерки што им се заканува на “skinny” фармерките за оваа година да бидат отстранети од модниот врв.
Минатата година, “skinny” фармерките западнаа во сенка поради “boyfriend” фармерките, но само за кратко време, по што познатите “skinny” џинс се вратија на првото место. Во овој момент најпопуларни се фармерките со рамен крој кои нудат лежерен и опуштен стајлинг. Многу големи модни куќи ги лансираа своите модели на рамни фармерки со остри рабови, што дополнително придонесоа за нивната популарност. Овој модел може да биде украсен со вез, бисери, беџови и други трендовски детали, но најпродаваните фармерки се направени од традиционален џинс без ликра.