ЖивотУбави совети

Забораваме кои се најважните нешта…

Постојат работи на кои не им обрнуваме внимание, а кои се толку многу важни. Оти без нив, ние не би биле комплетни!

Кои се работите за кои забораваме дека постојат и дека ни го прават животот убав и не учат на важни лекции?

Песната на птиците

Кога последен пат сте застанале, сте ги затвориле очите и сте го слушале пеењето на птиците? Тие се прекрасни суштества кои имаат тежок живот, мора да градат гнезда, да собираат храна, да летаат од едно до друго место за да бараат засолниште од лошите временски услови… И звучи неверојатно, но тие пеат додека го прават сето ова!

Детската смеа

Нивната смеа е звукот на најчистата радост која извира од нивните малечки срца за да допре до нашите кои одвреме-навреме забораваат да се насмевнат. А, смеењето е лек за сите грижи.

Ѕвездите на небото

Тие се навистина чудо на природата. Магично убави и далечни. Не потсетуваат дека и во најтемните ноќи има барем малку светлина и дека не е се така црно како што нам ни изгледа.

Силен дожд

Можеби некои не го сакаат дождот, но дождот е важен за нас. Тој е хранлив пијалак за земјата и се она што расте на неа.

Квалитетен разговор

Добриот разговор со некој близок секогаш прави да се чувствуваме поубаво. Затоа, колку и брзо да живеете, не заборавајте да разговарате. Со вашиот партнер, со децата, со родителите, со пријателите…

Моќта на новиот ден

Секој ден добиваш нова шанса за дефинирање на твојот живот. Можност да бидеш подобар. Време за да ги оствариш своите соништа. Прилика за да направиш добро дело.

Поврзани статии

Back to top button