Од васУбави муабети

Еј, Љубов…Се сеќаваш на мене?!

Еј, Љубов…Се сеќаваш на мене?!
Склучивме пакт, ти се потпишав со крв онаа ноќ кога на колена бев скршена…
Ставив печат со солза, дека нема да заплачам никогаш повеќе, дека ќе живеам, дека ќе ги држам рацете отворени за да дојдеш пак…некогаш.
Љубов, те немаше долго.
Те барав по празни улици, во сечии лица, во секакви туѓи допири. Те барав во солзи, се препуштав на болки…
-И сеуште веруваш во мене иако те оставив?
Да, никогаш и не престанав…Додека те барав, јас станав Ти…
Јас научив, те воскреснав во мене…
Јас станав Љубов.

Маја Спасовска

Поврзани статии

Back to top button