ЖивотУбави совети
Чај против есенски настинки: Ги имате сите состојки во куќата
Настинката придружена со кашлица е најчеста во есен, кога започнува постудено време. Со цел да се избегне бронхитис и акумулација на секрети, препорачливо е да се користи билен сируп.
За да го подготвите, растворете 200 гр шеќер, потоа додадете 300 мл вода и мешајте додека шеќерот не се растопи. Во смесата додајте шест ловорови листови, лажица жалфија, една лажица бел слез, една лажица камилица, два сантиметри свеж корен од ѓумбир и стапче цимет.
Гответе три минути. Тргнете од оган и кога ќе се излади процедете за да добивате густ сируп.