Емотивно женско писмо до бившиот – лекува скршени срца!
Писмо од разочарана сопруга до нејзиниот поранешен партнер – „Нема да те паметам што ме остави кога бев најранлива и не можев да ме сакам, ќе те паметам што ме потсети колку треба да се сакам себеси!
Кога љубовта ќе стане невозвратена, кога планирате иднина со некого и мислите дека тоа е љубов која трае вечно, а наеднаш ќе ви се случи предавството, разочарувањето, разделбата како ладен туш, овој процес може да биде болен. Сепак, колку и да ни е потребна храброст и колку долго се поврзуваме со тага, секоја средба и разделба во нашиот живот се случува со причина.
Токму за ова е писмото на девојката и писателка Талија Хантер објавено на социјалните мрежи. Можно е на многу жени, особено на оние кои се опоравуваат од тешко раскинување или развод, нејзините зборови да бидат корисни.
„Избрав да не се сеќавам на тебе по тоа како ме повреди, туку по тоа како ме научи да се лекувам себеси“.
Решив да не те паметам по тоа како ме остави, туку по тоа како ме научи никогаш да не се оставам себеси.
Нема да те паметам како човекот кој ми го скрши срцето, туку како некој што ме научи да се подигнам и повторно да се составам.
Ќе те паметам не по тоа како ми ја затемни светлината, туку по тоа како ми помогна да се трудам повторно да блеснам, во сета моја светлина, во склад со себе.
Нема да те паметам по тоа што ме охрабруваше да стагнирам и ме држеше во место долго време, туку затоа што твоите постапки ме поттикнаа да научам како да ја напуштам зоната на удобност, комфорната зона.
Ќе те паметам не затоа што ме остави кога бев најранлива, туку затоа што ме научи што значи да се биде силен.
Нема да те паметам по твојата љубомора и обидот да го контролираш мојот живот, туку по тоа како ме научи да ја најдам својата слобода и да се ослободам.
Ќе те паметам не затоа што ми кажа која треба да бидам, туку затоа што ме научи да се дефинирам себеси и ме потсети која сум навистина.
И на крајот, повеќе од сè – решив да не те паметам по тоа како не можеше да ме сакаш, туку по тоа како ме научи повторно да се САКАМ СЕБЕ“.