Убави дестинации

Езерата кои менуваат бои…

Од тиркизна до црна, езерата за кои се верува дека во нив живеат души ги менуваат своите бои без објаснување …

Според легендата, високо во индонезиските планини, души на маѓионичари живеат во смеѓото езеро, зеленото е резервирано за душите на грешниците а плавото претставува рај!

Трите мистериозни езера се наоѓаат во кратерот Келимутуа на островот Флорес во Индонезија. Тие се наоѓаат на висина од над 1600 метри, а во областа има 14 активни вулкани. Земјотреси не се ретки овде.

Боите на езерото постојано се менуваат, па во минатото тие беле црни, смеѓи и сини а пред педесет години тие станале црвенкасти и светли.

Езерата се наоѓаат во национален парк, популарна туристичка дестинација, како и омилена дестинација за пешачење благодарение на убавината на флората и фауната.

Врвот на планините Келимуту е на 1731 метри, а локалното население смета дека оваа планина е одговорна за плодноста на целиот регион.

Поврзани статии

Back to top button