Убави дестинации

Една од најромантичните локации на Стариот континент!

Главен а воедно и најголем град во Холандија – Амстердам. Населен како мало рибарско село кон крајот на 12 век, градот Амстердам станал едно од најважните пристаништа во светот за време на холандската златна ера, што се должи на холандскиот иновативен развој на трговијата. Во тој период, градот претставувал водечки финансиски центар и центар за трговијата со дијаманти.  

Климата во Амстердам е слична со англиската. Летата се посвежи, со студени и врнежливи периоди, а зимите се студени, со чести врнежи од дожд, а понекогаш и снег. Ненадејните врнежи од дожд се многу честа појава во овој град.

Една од најпрометните улици во Амстердам е тесната средновековна улица – Калверстрат која се наоѓа во срцето на градот.

Аеродромот во Амстердам е првиот во светот во кој има музеј, па дури и ако сте на поминување, ќе можете да погледнете дел од изложбите од градските музеи во рамките на терминалот.

Во овој град има 165 канали, 1.281 мостови и преку 2.500 бродови кои имаат фиксирано место во некој од каналите и се користат како домови. Поради сето ова, Амстердам со право го доби прекарот „Венеција на северот“.

Токму овој град е еден од најпознатите велосипедски расположени градови во светот. Во него живеат 750.000 луѓе, кои поседуваат 800.000 велосипеди. Луѓе од сите општествени групи користат велосипед за превоз низ градот, како резултат на малите димензии на Амстердам, изобилството од велосипедски патеки (околу 400 километри), рамниот терен и непријатноста од возење автомобил.

Прекрасниот Амстердам е една од најпопуларните туристички дестинации во Европа и годишно привлекува повеќе од 4,66 милиони туристи. Во одредени години се организираат тематски манифестации со цел да се привлечат дополнителен број на туристи.

Амстердам е познат по неговиот енергичен и разновиден ноќен живот. Двете главни области познати по ноќниот живот се Леидсеплеин и Рембрантплеин. Амстердам има многу кафулиња и барови.Тие варираат од големи и модерни до мали и удобни. Типичното кафеаво кафуле има постаромодна атмосфера со пригушени светла, свеќи и нешто повозрасна клиентела. Тука исто така може да се најдат многу ресторани, бидејки Амстердам е мултикултурен град , има многу различни етнички ресторани. Рестораните варираат од луксузни и скапи до обични и ресторани со прифатливи цени. Има и изобилство на дикотеки. За секого по нешто, затоа е и најатрактивната дестинација за сите генерации и вкусови! 

Поврзани статии

Back to top button