Убави книги и филмови

Едиција ние и љубовта ПОДАРУВА!

Еден наш читател или читателка ќе наградиме со стихозбирката на Сотир Д Георгиевски “Огледало на душата”! 

Творештвото на Сотир Д Георгиевски, изобилува со емоции, претежно за љубовта. Без оглед на тоа, дали е љубовта среќна или помалку успешна, сепак тоа е љубов, која ја плени и ранува неговата душа подеднакво.

За овој поет, љубовта е нешто што ја разбранува душата и му дава смисол на животот. Тука, во стихозбирката Огледало на душата, тој сака да ги разоткрие своите доживувања и белезите на својата душа, кои оставиле трага од тоа Свето нешто, што љубов се нарекува.

Тој во своите творби ја опишува и својата љубов кон татковината, како нешто најсветло во неговиот живот, Македонија. Не со помалку емоции, ги опишува и црковните обичаи, според каноните, каде со малку зборови, кажува дека е верен на својата традиција и Православието.

Сепак, ракописот на Сотир Д Георгиевски му дава големо значение на љубовните срцеклици, кои ги опишува на еден поинаков начин.

И како што вели, ЉУБОВТА Е ИЗВОРОТ НА ЖИВОТОТ, поетот таа дефиниција ја потврдува со своите писанија, во кои се насетува дека тој пишува со душата.

 

Поврзани статии

Back to top button