ЖивотУбави совети

Д-р Ангелчо Андоновски: Што треба да знаете за алергиите?

Во претстојниот период можеме да очекуваме појава на голем број на алергиски реакции. Пролетната сезона, па и претстојниот летен период означува период на очекувани алергиски реакции од кои ќе мора да ги заштитиме дечињата. Под алергија подразбираме бурна заштитна реакција на еден организам на одреден агенс кој организмот го препознава како опасност.

Претстојниот период просто ги повикува децата надвор изобилувајќи со преубавата природа, преубавите бои и повисоките температури. При тоа изложувањето на инхалаторните агенси е беспрекорно: полен, трева, корења, цветови. Исто така прашината, животинските влакна, контактните алергени, инсектите, фотосензитивноста, сончевото зрачење и топлината може да предизвикаат алергиски реакции. Да напоменеме дека очекуваме и нутритивни алергиски реакции поради фактот за појава на претстојните овошја. Соодветна заштита постои, но мора да внимаваме и на појавата на првичните симптоми и така навремено да реагираме. Најчесто првично имаме појава на проблеми со дишните органи во вид на кивавица, зголемена секреција од носот, чешање, солзење на очите, црвенило, отежнато дишење и губење на чувството за мирис. Инаку особено внимателни треба да бидеме поради фактот за активација на астма. При појава на првичните потешкотии, веднаш треба да се реагира, зависно и дали се наоѓаме во природа или подалеку од населено место треба да сме соодветно подготвени. Кај своето дете мораме навремено да направиме алергиски тестови. Нужноста од правењето на алергиски тестови е секогаш после почеста појава на одредени проблеми кои се јавуваат кај детето. Во консултација со педијатарот се назначуваат соодветни испитувања кои ќе докажат алергија кон одредени алергени. Најчесто се прават кожни тестови и инхалаторни, а во крвта бараме специфицни антигени. Со самото тоа веќе на некој начин ќе знаеме од што да го заштитиме сопственото дете. Антихистаминиците ни се лек на избор, а секако и големите количини на витамин Ц кој мора да се прима почесто. Тука се и превентивните мерки, и она што родителите можат да го преземат е нивните деца да ги избегнат целосно или барем минимизираат контактот со алергени кои водат до појава на алергиските симптоми. Концентрацијата на полен значително варира во текот на денот, а највисока е во утринските часови, исто така и ветровито време може да ја влоши состојбата. Поголема концентрација на поленот е присутна за време на топли и суви денови, а најниска концентрација на полен во воздухот е после дождот.

По играњето во природа, потребно е по пристигнувањето дома на вашето дете да му се измијат рацете, задолжително да се исчешла и промена на целата облека, бидејќи на тој начин се елиминираат алергени кои се од надворешната средина.Облеката на децата алергични на полен не треба да се изложени на чад од тутун и силни мириси, бидејќи овие фактори имаат штетно влијание на мукозните мембрани и забрзан ефект на присутните алергени. Ако поленската треска не е третирана со тек на времето, може да доведе до сериозни болести како синузит и воспаление на средното уво. Направете го престојот на вашето дете во природа пријатно чувство со преземање на превентивни мерки и почитување на совети и лекување како што е утврдено од страна на неговиот лекар.

за ubavo.mk – Д-р Ангелчо Андоновски

Поврзани статии

Back to top button