Домашно тирамису готово за половина час!
Тирамису! Кој може да одолее на ова слатко задоволство? Но, познато е дека подготовката на тирамису не е едноставна. Затоа ви подготвивме лесен рецепт кој навистина ќе го погодите од прва.
Домашно тирамису со пишкоти
Состојки:
3 пакувања бисквити – пишкоти
500 мл слатка павлака
250 гр маскарпоне (може да се замени со шлаг или крем сирење)
1 јајце
2 лажици шеќер
малку какао
2 лажички нес – кафе
малку млеко
Подготовка:
Изматете ја слатката павлака додека не постигнете добра густина, а потоа додадете крем сирење или маскарпоне, шеќер и јајце. Кога филот е подготвен, промешајте две лажички нес или инстант кафе во малку млеко. Натопете ги бисквитите во овој раствор.
Редете ред натопени бисквити во калапот, ред фил, сè додека не го потрошите материјалот (ова е мерка за два реда пишкоти). Посипете сè со какао и оставете го во фрижидер да се стегне.
Пријатно!