ЖивотУбави совети

Домашно приготвени маски за убави и негувани дланки!

Рацете се дел од телото што е најизложен на штетните влијанија. Рацете ве издаваат, па затоа не занемарувајте ги во однос на негувањето. Не е неопходно често да одите во салони за нега и да ставате скапи препарати. Доволно е во домашна режија да примените неколку мали зафати за да го зачувате овој дел од телото од стареење и пресушување.

Делотворна маска за раце се добива од 25мл сусамово масло, 25мл масло од пченични никулци и три лажици овесно брашно. Пред секое ставање одвојте го потребното количество и додадете една лажица павлака. Ставете ја маската од подлактиците и целите дланки. Оставете ја да делува 30 минути, а потоа добро измијте ја.

Добра е и маската од лимон. Измешајте едно лажиче сусамово масло со малку крем и сок од половина лимон. Оставете ја маската на рацете околу 20 минути. Потоа избришете ги рацете со хартиено марамче.

Со овие маски рацете стануваат меки, а брчките исчезнуваат.

 

Поврзани статии

Back to top button