ЖивотУбави совети

Направи сам: Домашен пластелин за вашите дечиња!

Во продолжение ви нудиме рецепт за пластелин, омилената игра за вашите најмили. Потребни состојки: 1 чашка сол, 2 чашки вода, 2 чашки брашно, 1 кесиче лимонтус, прехрамбени бои по желба и 1 лажичка масло за готвење.

Во тенџере ставете ги водата и маслото, потоа додадете ги лимонтусот, солта и брашното и варете на тивок оган. Потребно е да мешате се додека смесата не се згусти. Не смее смесата да биде леплива. Откако ќе тргнете од оган почекајте смесата да се стврдне. Разделете ја и во секој дел додадете боја по желба. Во мали пластични садови спакувајте го секое пластелинче. И забавата може да започне!

Поврзани статии

Back to top button